System Quattro Electa Dumbo Caramel, рам Total Black, со Darwin i-Size

57.130,00 ден

Electa е новиот System Quattro идеален за градскиот живот. Благодарение на нејзината мала тежина и неверојатна компактност, може да ја носите секаде, без никаков компромис во поглед на благосостојбата на бебето.

Само 1 останати на залиха

SKU:
KA51R0DBC

Опис

Electa е новиот System Quattro идеален за градскиот живот. Благодарение на нејзината мала тежина и неверојатна компактност, може да ја носите секаде, без никаков компромис во поглед на благосостојбата на бебето.

Големата иднина на Вашето дете започнува со најдобрата корпа за новороденче.

Корпата за новороденче не е само генерички начин за транспорт. Вашето дете ќе помине многу чесови во корпата за време на првите месеци на животот. Затоа ја дизајниравме совршената околина, која дозволува да ги сместите во комфорот и безбедноста која им е потребна.

Неверојатно пространа

За правилен физиолошки развој на новороденото бебе, важно е да се осигура дека тие лежат хоризонтално што е можно подолго. Благодарение на големите внатрешни димензии (79 x 37 cm) тие можат удобно да лежат барем до 6 месеци, дури и кога се завиткани во зимска вреќичка.

Welcome Pad®, специјален душек за да им понуди извонредно добредојде

За да му посакаме добредојде на Вашето бебе на најдобар можен начин, да го поттикнеме правилното држење на телото и да му помогнеме да се чувствува заштитено и безбедно, ја опремивме корпата Aptica со Welcome Pad®, поддршка дизајнирана во соработка со одделот за неонатологија на болницата Maggiore во Болоња, во согласност со најновите научни упатства во однос на благосостојбата и безбедноста.

Наслон за грбот кој се подесува под агол

Наслонот може да се подеси во различни позиции за да ја олесни дигестијата по хранењето и за да им дозволи на бебињата да разгледуваат надвор кога се малку постари.

Терморегулација преку:

  • Контрола на вентилацијата – базата на корпата е опремена со систем за воздушна контрола за да се регулира протокот на воздух и температурата внатре во корпата
  • Подобрена топлинска изолација – надворешната обвивка во пополнет материјал за подобрена топлинска изолација, со инсертери од мрежа кои ја одржуваат корпата проветрена
  • Вентилациски прозор во внастрешницата осигурува правилна циркулација на воздухот внатре во корпата за новороденче.

Ние сме за континуиран сон

Во првите месеци од неговиот живот, на Вашето бебе ќе му биде потребен многу сон. Ако заспијат кога ќе се вратат од прошетка, овозможете им да продолжат да спијат, позиционирајќи ја корпата за новороденче на удобен и хигиенски начин на стенд-ап држачот, претварајќи го во вистински кревет за сладок одмор.

Зошто да ги будиме?

Со практичниот Stand-up можете да ја користите корпата за носење за да се осигурате дека Вашето бебе спие мирно, дури и дома. Во првите месеци од животот на вашето бебе ќе му треба многу сон, дури и 16-18 часа на ден. Ако заспијат кога ќе се вратат од прошетка, поставете ја корпата на удобен и хигиенски начин на Stand-up, со што ќе ја претворите во вистински кревет за сладок одмор.

Одржување на хигиена

Благодарение на Stand-up, валканите тркала кои акумулираат влажност на рамот остануваат надвор.

Совршено за ноќта

Новороденчињата често претпочитаат да спијат во количка затоа што се чувствуваат позаштитено отколку во традиционална количка или бебешки кревет. Благодарение на Stand-up можете да го имате вашето бебе покрај креветот за да ви помогне за време на ноќното хранење.

Практично во движење

Благодарение на неговата компактност, можете да го понесете Stand-up со себе за да ја користите неговата пригодна корпа за носење во секоја прилика.

  • Во куќата на баба и дедо
  • На одмор
  • Блиску до вашиот кревет

Метрополит по вокација

Electa рамот се отвора и затвора со само една рака и е неверојатно лесен и изненадувачки компактен. Благодарение на врвниот рам, Electa се движи во сите ќошиња на градот со леснотија. Таа поминува низ најтесните премини и простори благодарение на малите целокупни димензии (само 50см).

Екстремно е мазна и лесна за маневрирање благодарение на големите тркала (215 мм позади и 175 мм напред) и лагери на сите 4 тркала.

Благодарение на ексклузивниот систем патентиран од Inglesina, рамот се отвора и затвора со само една рака.

Благодарение на малата тежина, може лесно да се носи нагоре и надолу по скали, или преку било какви препреки, додека го држите Вашето дете во раце. Кога е затворена, рамот односно количката е со големина на куферче за патување и може практично да се смести во багажникот на најмалиот градски автомобил!

Лесна и изненадувачки компактна – неверојатна тежина од само 5.5кг. Лесно можете да ја транспортирате и носите секаде! Кога е затворена, останува да стои исправена самостојно, а рачката не ја допира земјата.

Извонредно лесна за маневрирање

Благодарение на врвниот рам, Electa се движи во сите ќошиња на градот со леснотија. Таа поминува низ најтесните простори благодарение на целкупната мала димензија – само 50см ширина!

Движењето е неверојатно мазно и лесно благодарение на големите тркала (215 задни и 175 предни) и лагерите на сите четири тркала.

Се адаптира на висината на родителот благодарение на рачката која се подесува во висина.

Голема корпа за складирање Ви дозволува да понесете се што Ви е потребно за да уживате во претстојните авантури. Рефлектирачкиот материјал ги прави вечерните прошетки побезбедни.

Авто седиште Darwin Infant i-Size

Одобрено според новиот ECE R129 i-Size стандард, и придружува Вашето малечко од раѓање па се до 75см во висина. SHP системот овозможува висока заштита во случај на страничен удар додека Darwin i-Size базата (опционално) обезбедува точна и безбедна инсталација во автомобилот.

Точната позиција е загарантирана со совршениот агол на навалување, кој истовремено го прави патувањето екстремно удобно за Вашето дете.

Високо наградувано во безбедносните тестови, Darwin Infant i-Size седиштето гарантирано обезбедува високо ниво на заштита.

Подготвени за прошетка низ градот?

Лесна, компактна и лесна за користење, а сепак исклучително удобна за бебето. Количката е пространа и има внастрешница која се продолжува за максимална заштита од сончевите зраци.

Количката е идеална за градскиот живот. Неверојатно лесна за маневрирање, лесна за отворање и затворање и благодарение на нејзината лесност и компактност може лесно да се пренесува нагоре и надолу по скали или преку било какви други препреки, додека го држите детето во Вашите раце.

Количката може да се склопи со седиштето свртено во било кој правец, и да стои самостојно исправена. Кога стои склопена, рачката и материјалите никогаш не ја допираат земјата.

Неверојатно пространа – благодарение на многу широкото и пополнето седиште 54х32 на Вашето дете ќе му биде удобно дури и кога ќе биде поголемо.

Апсолутен комфорт во сите позиции- наслонот за грб може да се подеси под агол благодарение на централизирана контрола, седиштето станува хоризонтално за да осигура точен став и удобност. Нозете на детето се секогаш удобно поддржани со наслонот за нозе кој се продолжува и подесува под агол, за да се користи удобно количката дури и кога ќе заспијат.

Удобност во секоја сезона

Заштита од сонце – сонцебранот заштитува од UV зраците а сончевиот визир помага кога сонцето е ниско. Целосната покриеност гарантира максимална заштита дури и во лежечка пизиција.

Вентилација – мрежастиот инсертер осигурува правилна воздушна циркулација во седиштето, за да се одржува свеж и прочистен воздух.

Затоплени ноџиња – меката пополнета зимска прекривка е лесна за прицврстување. Заштитата од студот настапува веднаш.

Поглед кон родителот и кон улицата

Седиштето може да се сврти во двата правци насоки – во насока на родителот во првите неколку месеци, кога на бебето му е неопходна утехата од погледот и контактот со мама и тато, а кон улицата кога се поголеми. Вистинското време да се промени правецот? Самото детенце ќе го направи тоа јасно: кога ќе почне континуирано да се врти за да разгледува, тоа ќе значи дека се подготвени да го откријат светот и тоа ќе биде вистинското време промена на насоката на седиштето.

Димензии:

Отворена количка: 50 x 107 x 83-96 cm (width x height x depth)

Затворена количка: 50 x 73,5 x 30 cm (width x height x depth)

Тежина:

Количка: 8,7 кг

Само седиште: 3,2 кг

Reviews

There are no reviews yet.

Only logged in customers who have purchased this product may leave a review.

Вашата кошница