За Нас

Добредојдовте во Mom & Babe

Нашата приказна

Мирис на живот кој штотуку почнува. Првото патување кон дома, првите прошетки, првите неверојатни достигнувања. Најважното нешто што некогаш ќе го направите го заслужува најдоброто, без компромис. 

Врвни светски брендови, со внимателно осмислени креации. Уживајте во секој мал момент.

Дозволете ни да се погрижиме за секој најмал детал, со најголемо внимание. А Вие, уживајте во секој мал момент.

Првата продавница на Mom & Babe беше отворена на ул. Лондонска 6 во Скопје, на простор од 130м2. Продажниот локал изобилуваше со избор на производи од многу категории, меѓу кои бебе опрема, облека, постелнини, бебе кревети, играчки, производи за бања и др. 

Mom & Babe Showroom

Народен Фронт 23

Од 01.01.2023 година, Mom & Babe го менува својот концепт во Showroom. Продажбата во Mom & Babe примарно се одвива online, а целта на Showroom-от е да им понудиме на купувачите простор каде ќе можат во живо да се уверат во квалитетот на производите, да добијат одговор на сите нивни прашања, да направат или пак да подигнат нарачка, или едноставно да си купат нешто што го виделе таму во моментот, без потреба од нарачка и чекање за достава.  

Бебе опремата која е достапна во Mom & Babe поради нејзината ексклузивност е достапна за разгледување само со закажана презентација во термин посветен специјално за заинтересираните клиенти, со модели според нивното барање.

Редовното работно време на Mom & Babe Showroom е од понеделник до петок од 10:00 до 20:30 часот, и во сабота од 11:00 до 14:00 часот. За презентација на бебе опремата работиме само со закажани презентации.

На овој начин, на нашите клиенти им нудиме многу по персонализирано искуство, а нудиме и секогаш нови производи кои претходно не биле изложени во продажен салон.

MACEDONIA

Mom & Babe Showroom

Ul. Naroden Front 23, Skopje
Phone: +389 77 504 777
Email: hello@momandbabe.mk

Вашата кошница