Aptica Velvet Gray, рам Palladio Black со Darwin Infant i-Size

48.460,00 ден

Aptica – The Glam Crossover – препознатлив урбан стил кој ја прави соодветен за секојдневниот живот, овозможуваќи исклучителен комфор за Вашето бебе, екстремно лесен за користење за родителите и со беспрекорен дизајн.

Само 1 останати на залиха

SKU:
AG60Q0VLG-1-1

Опис

Aptica – The Glam Crossover – препознатлив урбан стил кој ја прави соодветен за секојдневниот живот, овозможуваќи исклучителен комфор за Вашето бебе, екстремно лесен за користење за родителите и со беспрекорен дизајн.

Комплетна слобода во движењето

Aptica рамот е дизајниран во секој најмал детал да ги направи Вашите движења лесни и пријатни. Благодарение на лесното управување, лесно отворање и затворање со една рака, можете да уживате во бескрајни прошетки со Вашето дете.

Отворањето и затворањето на рамот никогаш не било полесно – благодарение на ексклузивниот систем патентиран од Inglesina, рамот се отвора и затвора само со една рака.

Самостојно стои исправено – кога е затворен, тој е исклучително компактен и стои исправено сам.

Максимална хигиена – специјалниот систем за затворање на Inglesina спречува рачката да ја допира земјата, што ќе обезбеди максимална хигиена и безбедност за Вас и Вашето бебе.

Лесен за ракување – тој е исклучително мазен благодарение на топчестите лежишта на четирите тркала и лесно се справува со сите терени благодарение на големите тркала со амортизери (со дијаметар од 190 mm напред и 260 mm назад).

Каде било, без граници – благодарение на ширината од само 51 см, поминува низ најтесниот простор.

Се прилагодува на висината на родителите – телескопскиот механизам Ви овозможува да ја прилагодите висината на рачката во 4 позиции.

Пространа корпа за складирање – многу големата и длабока корпа Ви овозможува да понесете се што Ви треба за да се соочите со Вашите авантури. Има интегриран џеб за чување на мали предмети при рака. Рефлектирачкиот материјал ги прави вечерните прошетки побезбедни.

Подготвени за прошетка низ светот?

Со Aptica количката, движењето и истражувањето на нови простори е вистинска детска игра. Широкото седиште кое може да гледа кон напред или кон родителот, наслоните за грб и нозе кои се навалуваат, заедно со ексклузивните функции на рамот, ќе го направат секое мало патување уникатна и неповторлива авантура. Благодарение на исклучително широкото и меко седиште, Вашето дете ќе биде удобно сместено дури и кога ќе биде поголемо.

Поглед кон родителот, но и кон улицата

Седиштето може да се сврти во двата правци насоки – во насока на родителот во првите неколку месеци, кога на бебето му е неопходна утехата од погледот и контактот со мама и тато, а кон улицата кога се поголеми. Вистинското време да се промени правецот? Самото детенце ќе го направи тоа јасно: кога ќе почне континуирано да се врти за да разгледува, тоа ќе значи дека се подготвени да го откријат светот и тоа ќе биде вистинското време промена на насоката на седиштето.

Се затвора со седиштето во било која насока

Количката може да се преклопи во „сендвич стил“ или со седиштето свртено кон Вас или свртено кон улицата, стоејќи исправено самостојно.

Неверојатно пространа

Благодарение на многу широкото и обложено седиште (51×33 cm) на Вашето дете ќе му биде удобно дури и кога е постаро.

Апсолутна удобност во сите позиции

Потпирачот за грб може да се навалува во 7 позиции благодарение на централизираната контрола, седиштето станува хоризонтално за да се обезбеди правилно држење и удобност. Нозете на Вашето дете секогаш се потпираат удобно со продолжениот потпирач за нозе, за да продолжи да ја користи количката дури и кога спие.

Заштита од сонце – сонцебранот заштитува од UV зраците а сончевиот визир помага кога сонцето е ниско. Целосната покриеност гарантира максимална заштита дури и во лежечка пизиција.

Вентилација – мрежастиот инсертер осигурува правилна воздушна циркулација во седиштето, за да се одржува свеж и прочистен воздух.

Затоплени ноџиња – меката пополнета зимска прекривка е лесна за прицврстување. Заштитата од студот настапува веднаш.

Практичност во изобилство

Освен обезбедување на благосостојбата на Вашето дете, Ве имавме на ум и Вас, внимавајќи на секој детал.

Перење – Материјалот се пере на 30°C

Димензии

Отворена количка: 51,5 x 109,5-110,5 x 83-98 cm (width x height x depth)Затворена количка: 1,5 x 87 x 42 cm (width x height x depth)

Тежина – Седиште + рам: 10,4 Kg

APTICA System Quattro зафаќа многу малку простор и лесно може да се смести во багажниот простор.

Ширината на APTICA System Quattro е дизајнирана за удобен и безбеден влез и излез во секој лифт.

Авто седиште Darwin Infant i-Size

Одобрено според новиот ECE R129 i-Size стандард, и придружува Вашето малечко од раѓање па се до 75см во висина. SHP системот овозможува висока заштита во случај на страничен удар додека Darwin i-Size базата (опционално) обезбедува точна и безбедна инсталација во автомобилот.

Точната позиција е загарантирана со совршениот агол на навалување, кој истовремено го прави патувањето екстремно удобно за Вашето дете.

Високо наградувано во безбедносните тестови, Darwin Infant i-Size седиштето гарантирано обезбедува високо ниво на заштита.

Заштита од сонце со одлична циркулација – структурата има отвори за вентилација и материјали кои дишат за да ја подобри циркулацијата и да го ограничи потењето на бебето. Внастрешницата со перниче за глава кое се вади штити од UV зраците со UFP 50+.

Седиштето лесно се прикачува на опционалната база, стенд ап држач или рамот од количката, без потреба од било какви адаптери, за да можете да менувате конфигурации со само еден клик, олеснувајќи му на Вашето бебе да се одмори.

Ергономска рачка за носење која може да се подеси во четири позиции за практичен и оптимален фат во секое време.

Практичност во изобилство

Освен обезбедување на благосостојбата на Вашето дете, Ве имавме на ум и Вас, внимавајќи на секој детал.

Reviews

There are no reviews yet.

Only logged in customers who have purchased this product may leave a review.

You may also like…

Вашата кошница