Description
Совршена игра кога Вашето малечко полека ги надраснува „бебешките“ меки, и/или текстурирани играчки, а се повеќе му е потребна интеракција, координација и когинитвна стимулација 😍
My First Fishing Game од Taf Toys го помага развојот на фината моторика, когнитивните вештини и координацијата рака-око ✅
✨ Користењето на магичниот (магнетен) фаќач на риби промовира и унапредува многу вештини: вежбање на манипулација со стисок (grip) и со предмети, билатерална координација – употреба на 2 раце одеднаш (одвојување на рибата од фаќачот), координација на очите и перцепција на длабочина.
✨ Когнитивни и вербални вештини: вежбајте спарување и подредување, големини – споредба на големи и мали, броење и препознавање броеви, бои – препознавање и именување, совпаѓање на рибите – по боја, големина или шара (pattern).
Играчката е идеална во три развојни фази, од 6+ месеци до 24+ месеци.
• Фаза 1 од 6+ месеци – распрснете ги магнетните рипчиња на таблата, и собирајте ги со магнетот за фаќање риби. Одвојувањето на рибата од рачката ќе му помогне на малечкото да ја координира употребата на двете раце.
• Фаза 2 од 18+ месеци – Побарајте од детенцето да ја најде соодветната риба и да собере со магнетниот фаќач.
• Фаза 3 од 24+ месеци – Поставете ја рибата на силуетата што и одговара по боја или големина, именувајте ги боите. Собирајте ги рипчињата со магнетниот ловец по одреден редослед – од големо до мало или спротивно или пак собирајте по редоследот на нивните броеви (од 1 до 10, или спротивно).
Уживајте во уште мнооогу начини да се игра оваа забавна и едукативна игра!
Related
Only logged in customers who have purchased this product may leave a review.
Reviews
There are no reviews yet.