System Quattro Electa со CAB 0+ – Chelsea Grey, рам Total Black

57.130,00 ден

Само 1 останати на залиха

SKU:
KA50Q0CSG

Опис

Electa е новиот System Quattro идеален за градскиот живот. Благодарение на нејзината мала тежина и неверојатна компактност, може да ја носите секаде, без никаков компромис во поглед на благосостојбата на бебето.

Големата иднина на Вашето дете започнува со најдобрата корпа за новороденче.

Корпата за новороденче не е само генерички начин за транспорт. Вашето дете ќе помине многу чесови во корпата за време на првите месеци на животот. Затоа ја дизајниравме совршената околина, која дозволува да ги сместите во комфорот и безбедноста која им е потребна.

Неверојатно пространа

За правилен физиолошки развој на новороденото бебе, важно е да се осигура дека тие лежат хоризонтално што е можно подолго. Благодарение на големите внатрешни димензии (79 x 37 cm) тие можат удобно да лежат барем до 6 месеци, дури и кога се завиткани во зимска вреќичка.

Welcome Pad®, специјален душек за да им понуди извонредно добредојде

За да му посакаме добредојде на Вашето бебе на најдобар можен начин, да го поттикнеме правилното држење на телото и да му помогнеме да се чувствува заштитено и безбедно, ја опремивме корпата Aptica со Welcome Pad®, поддршка дизајнирана во соработка со одделот за неонатологија на болницата Maggiore во Болоња, во согласност со најновите научни упатства во однос на благосостојбата и безбедноста.

Наслон за грбот кој се подесува под агол

Наслонот може да се подеси во различни позиции за да ја олесни дигестијата по хранењето и за да им дозволи на бебињата да разгледуваат надвор кога се малку постари.

Терморегулација преку:

  • Контрола на вентилацијата – базата на корпата е опремена со систем за воздушна контрола за да се регулира протокот на воздух и температурата внатре во корпата
  • Подобрена топлинска изолација – надворешната обвивка во пополнет материјал за подобрена топлинска изолација, со инсертери од мрежа кои ја одржуваат корпата проветрена
  • Вентилациски прозор во внастрешницата осигурува правилна циркулација на воздухот внатре во корпата за новороденче.

 

Ние сме за континуиран сон

Во првите месеци од неговиот живот, на Вашето бебе ќе му биде потребен многу сон. Ако заспијат кога ќе се вратат од прошетка, овозможете им да продолжат да спијат, позиционирајќи ја корпата за новороденче на удобен и хигиенски начин на стенд-ап држачот, претварајќи го во вистински кревет за сладок одмор.

 

Зошто да ги будиме?

Со практичниот Stand-up можете да ја користите корпата за носење за да се осигурате дека Вашето бебе спие мирно, дури и дома. Во првите месеци од животот на вашето бебе ќе му треба многу сон, дури и 16-18 часа на ден. Ако заспијат кога ќе се вратат од прошетка, поставете ја корпата на удобен и хигиенски начин на Stand-up, со што ќе ја претворите во вистински кревет за сладок одмор.

Одржување на хигиена

Благодарение на Stand-up, валканите тркала кои акумулираат влажност на рамот остануваат надвор.

Совршено за ноќта

Новороденчињата често претпочитаат да спијат во количка затоа што се чувствуваат позаштитено отколку во традиционална количка или бебешки кревет. Благодарение на Stand-up можете да го имате вашето бебе покрај креветот за да ви помогне за време на ноќното хранење.

Практично во движење

Благодарение на неговата компактност, можете да го понесете Stand-up со себе за да ја користите неговата пригодна корпа за носење во секоја прилика.

  • Во куќата на баба и дедо
  • На одмор
  • Блиску до вашиот кревет

Метрополит по вокација

Electa рамот се отвора и затвора со само една рака и е неверојатно лесен и изненадувачки компактен. Благодарение на врвниот рам, Electa се движи во сите ќошиња на градот со леснотија.

Благодарение на ексклузивниот систем патентиран од Inglesina, рамот се отвора и затвора со само една рака.

Благодарение на малата тежина, може лесно да се носи нагоре и надолу по скали, или преку било какви препреки, додека го држите Вашето дете во раце. Кога е затворена, рамот односно количката е со големина на куферче за патување и може практично да се смести во багажникот на најмалиот градски автомобил!

Лесна и изненадувачки компактна – неверојатна тежина од само 5.5кг. Лесно можете да ја транспортирате и носите секаде! Кога е затворена, останува да стои исправена самостојно, а рачката не ја допира земјата.

Извонредно лесна за маневрирање

Благодарение на врвниот рам, Electa се движи во сите ќошиња на градот со леснотија. Таа поминува низ најтесните простори благодарение на целкупната мала димензија – само 50см ширина!

Движењето е неверојатно мазно и лесно благодарение на големите тркала (215 задни и 175 предни) и лагерите на сите четири тркала.

Се адаптира на висината на родителот благодарение на рачката која се подесува во висина.

Голема корпа за складирање Ви дозволува да понесете се што Ви е потребно за да уживате во претстојните авантури. Рефлектирачкиот материјал ги прави вечерните прошетки побезбедни.

Авто седиште CAB Group 0+

Кај Inglesina авто седиштата заштитата и удобноста патуваат заедно, благодарение на одлично осмислената ергономија.

CAB седиштето за автомобил е одобрено според ECE R44/04 стандардот, а е соодветно од раѓање па се до 13кг во тежина на детето. Седиштето има поминато бројни динамични краш тестови во интернационални лаборатории со одлични безбедносни резултати.

Врвна ергономија – неговата ергономска форма, пространата големина и агилноста на нагибот го прават екстремно удобно за бебето, кое ќе го одржи точниот став и форма уште во првите месеси од животот благодарение на материјалот со исклучително добра циркулација кај ликра перничето за редукција.

Заштита од сонце со одлична циркулација – структурата има отвори за вентилација и материјали кои дишат за да ја подобри циркулацијата и да го ограничи потењето на бебето. Внастрешницата со перниче за глава кое се вади штити од UV зраците со UFP 50+.

Седиштето лесно се прикачува на опционалната база, стенд ап држач или рамот од количката, без потреба од било какви адаптери, за да можете да менувате конфигурации со само еден клик, олеснувајќи му на Вашето бебе да се одмори.

Ергономска рачка за носење која може да се подеси во четири позиции за практичен и оптимален фат во секое време.

Подготвени за прошетка низ градот?

Лесна, компактна и лесна за користење, а сепак исклучително удобна за бебето. Количката е пространа и има внастрешница која се продолжува за максимална заштита од сончевите зраци.

Количката е идеална за градскиот живот. Неверојатно лесна за маневрирање, лесна за отворање и затворање и благодарение на нејзината лесност и компактност може лесно да се пренесува нагоре и надолу по скали или преку било какви други препреки, додека го држите детето во Вашите раце.

Количката може да се склопи со седиштето свртено во било кој правец, и да стои самостојно исправена. Кога стои склопена, рачката и материјалите никогаш не ја допираат земјата.

Неверојатно пространа – благодарение на многу широкото и пополнето седиште 54х32 на Вашето дете ќе му биде удобно дури и кога ќе биде поголемо.

Апсолутен комфорт во сите позиции- наслонот за грб може да се подеси под агол благодарение на централизирана контрола, седиштето станува хоризонтално за да осигура точен став и удобност. Нозете на детето се секогаш удобно поддржани со наслонот за нозе кој се продолжува и подесува под агол, за да се користи удобно количката дури и кога ќе заспијат.

Удобност во секоја сезона

Заштита од сонце – сонцебранот заштитува од UV зраците а сончевиот визир помага кога сонцето е ниско. Целосната покриеност гарантира максимална заштита дури и во лежечка пизиција.

Вентилација – мрежастиот инсертер осигурува правилна воздушна циркулација во седиштето, за да се одржува свеж и прочистен воздух.

Затоплени ноџиња – меката пополнета зимска прекривка е лесна за прицврстување. Заштитата од студот настапува веднаш.

Поглед кон родителот и кон улицата

Седиштето може да се сврти во двата правци насоки – во насока на родителот во првите неколку месеци, кога на бебето му е неопходна утехата од погледот и контактот со мама и тато, а кон улицата кога се поголеми. Вистинското време да се промени правецот? Самото детенце ќе го направи тоа јасно: кога ќе почне континуирано да се врти за да разгледува, тоа ќе значи дека се подготвени да го откријат светот и тоа ќе биде вистинското време промена на насоката на седиштето.

 

Димензии:

Отворена количка: 50 x 107 x 83-96 cm (width x height x depth)

Затворена количка: 50 x 73,5 x 30 cm (width x height x depth)

Тежина:

Количка: 8,7 кг

Само седиште: 3,2 кг

Reviews

There are no reviews yet.

Only logged in customers who have purchased this product may leave a review.

Вашата кошница