Taf Toys Cot Play Center – центар за игра

2.490,00 ден

Една од омилените играчки на нашите клиенти – all time favorite – Taf Toys центарот за игра во креветче! Богат со внимателно дизајнирани активности кои го поттикнуваат когнитивниот развој, сетилната стимулација како и фината моторика, соодветен од раѓање, а се користи и до 2+ годишна возраст!

На залиха

SKU:
9111655

Опис

Една од омилените играчки на нашите клиенти – all time favorite – Taf Toys центарот за игра во креветче! Богат со внимателно дизајнирани активности кои го поттикнуваат когнитивниот развој, сетилната стимулација како и фината моторика, соодветен од раѓање, а се користи и до 2+ годишна возраст!

Центарот со активности е исполнет со многу предизвици – висечки форми со разни бои и текстури, меки, шушкави, крцкави материјали, огледалце за бебиња, џепчиња кои кријат возбудливи изненадувања, странички кои се отвораат и затвораат, тропалки, топчиња и мнооогу други возбудливи играчиња! Збогатен и со нежна музика и светло, центарот за игра е омилен кај бебињата и децата, но и кај родителите!

Лесно се прикачува за било кое креветче, па е лесен начин креветчето на Вашето малечко да го направите забавен, безбеден простор, во кој тоа ќе биде анимирано и ќе сака да престојува, додека Вие се грижите за обврските низ домот. Може да се користи и надвор од креветче, прицврстено на било која друга површина како Baby Gym, како и независно како играчка за во автомобил додека патувате или како развојна книга.

Уникатна играчка од најмала возраст, која дооолго време ќе биде омилена на Вашето малечко!

Опис

Мек центар со активности за три развојни фази, со музика и светло.
За полесен развој и полесно родителство!

Развојни вредности

  • 0-3 месеци – висечки форми и играчки, музика и светло за развој на сетилата на новороденчето
  • 3 месеци и нагоре – игриви активности за развој на сетилата и моторните вештини на бебето
  • Во последната развојна фаза центарот се користи како активити книга, може да се носи секаде со себе и да се користи како независна играчка.

Детали

Уникатна развојна играчка која лесно се прикачува на најголем број платнени или дрвени креветчиња, со игриви активности, музика и светла. Додатоци со штипка со две опции за висина.

Reviews

There are no reviews yet.

Only logged in customers who have purchased this product may leave a review.

Вашата кошница