Водич за подароци без грешка
Хо, хо, хо! Конечно пристигна и најмагичниот период во годината – Новогодишните и Божиќните празници 🎄🌟🎁
Еден од нашите најомилени периоди – ова е времето кога дома сме сите заедно, кога времето го поминуваме во украсување, барање рецепти за божиќни колачиња или можеби и кифлички, кога поинтензивно се пие топло какао, топло чоколадо или салеп, мигови на уживање и создавање нови сеќавања со нашите најмили. Традиционално, ова е и сезона на дарување мали и слатки подароци, за среќен почеток на Новата година.
Стуткани удобно, со топло чајче и низ божиќни џез мелодии за инспирација, се потрудивме да Ви помогнеме со предлог на одбрани подароци кои гарантирано ќе изнудат насмевка на лицата на Вашите најмили. ☺️ А и, ќе создадат уште мнооогу среќни моменти во текот на целата година. ✨
Па така, прилично сме горди на најкорисниот водич за подароци, составен од најатрактивните производи – за подароци без грешка! А кој не сака такви, нели? 😉
Секако , го испративме на проверка кај Дедо Мраз… и погодете што – совршен е 🎅✔
Ова е категоријата за сите оние на кои ова им е прва Нова година и Божиќ 🥰❤️ (или пак биле многу многу мали на првата 😉) Од мали и слатки подарочиња, до покрупни развојни играчки, или пак значајни парчиња како зимските вреќички – оваа категорија ги содржи најубавите производи – токму за најмалите.
Тодлерите и дечињата се посебно интересна категорија бидејќи на оваа возраст почнуваат да го разбираат концептот на дарување, и подобро можат да ја почувствуваат Новогодишната магија и атмосфера. Дозволете имагинацијата целосно да полета со дрвените развојни играчки или пак куклениот свет од Trixie. Часови гарантирана забава и создавање на бескрајни приказни, ова е нашиот избор за подароци за тодлери и дечиња кои со сигурност ќе ги обожуваат!
РАЗГЛЕДАЈ ПОДАРОЦИ ЗА ТОДЛЕРИ И ДЕЦА
Без разлика дали „по грешка“ ќе му го испратиш овој линк на сопругот, родителите или сестра ти, или пак имаш пријателка која можеби е бремена, или пак туку што се породила, накитот од Proud MaMa има прекрасни парчиња, со силна симболика и порака. Листата ја дополнивме и со неколку практични и функционални парчиња, со премиум квалитет – за вистински избор на префинет, но сепак практичен подарок.
Дарувањето е навистина прекрасно, но не мора секогаш да предизвикува банкрот нели? 😅 Доколку едноставно сакате да подарите мал и сладок подарок, или да го наполните Божиќното чорапче со 2-3 ситни работи, погледнете ја оваа категорија со подеднакво неодоливи, слатки мали нешта.
Една од најквалитетните и најомилените категории во Mom & Babe оваа зима се токму производите од 100% мерино волна. Неповторливо меки и нежни, а секако и топли, капчињата, шалчињата, ќебенцата и додатоците од мерино волна се омилени оваа сезона кај нашите клиенти! Кај мама и тато бидејќи се спокојни дека малечкото е стоплено и заштитено во студените месеци, а кај малечките пак – бидејќи не чешаат, не потат, не иритираат и дозволуваат кожата природно да „дише“ поради што не ни чувствуваат дека ги носат!
Подарок сет од мерино производи е идеален зимски подарок за Вашите најмили.
РАЗГЛЕДАЈ МЕРИНО ПРОИЗВОДИ ОД 0 ДО 18 МЕСЕЦИ
РАЗГЛЕДАЈ МЕРИНО ПРОИЗВОДИ ОД 18 МЕСЕЦИ ДО 5 ГОДИНИ