Baby Registry – што е тоа и зошто ми е потребно?
Го знаете она прашање од кое сите очајуваме? „Кажи ми ама навистина, што ви треба? Сакам да ти купам нешто што сакаш, што ќе ти се допаѓа, или нешто што ви треба и што немате купено до сега, ајде, смисли, мора да има…!“
[Упатството за креирање на Вашата листа на желби најдете го овде]
Прашањето е незгодно за двете страни. Сигурно не сакате да им создавате обврска за подарок на Вашите блиски, а ако веќе одлучите да предложите нешто, секогаш постои грижата дека она што ќе го предложите е надвор од нивниот буџет, или пак можеби се надеваа да Ви подарат нешто крупно, можеби дел од потребната бебе опрема?
Од друга страна, на Вашите блиски секогаш им е задоволство да подарат нешто што навистина ќе Ви се допадне, но често и самите немаат идеја што би било тоа. Вообичаено се плашат да не погрешат или дуплираат производ, а секогаш постои можноста дека она што го предлагате е можеби над или под износот кој се надевале да го потрошат.
Листата на желби ги решава сите овие проблеми!
Најпрво, истата си ја создавате под Ваши услови, без притисок и грижа, а тоа можете да го направите од удобноста на својот дом, или пак во нашата продавница. Листата ја создавате искрено и без притисок, од производи кои навистина Ви се допаѓаат.
Одлично е што можете да додадете најразлични, и покрупни и поситни производи, производи со различни цени, па секој би можел да пронајде нешто што се вклопува во предвидениот буџет.
Откако ќе ја формирате, со испраќање на линкот Вашите блиски можат со еден клик да разгледаат конкретни производи, цени, комбинации, а можат и да направат нарачка, а како дел од промотивната понуда на Mom & Babe со користење на ВАШИОТ уникатен промо код тие ќе добијат и дополнителен попуст на редовните цени, дури и на новите колекции!
Никогаш повеќе нема да бидете „неспремни“ на прашањто „што ви треба?“ или пак да чувствувате грижа на совест дека сте побарале нешто што можеби е претерано или несоодветно за оној од кого го барате. Кога испраќате листа на желби, тоа е неформален список на се она кое Ви се допаѓа, без да создадете обврска кон конкретен производ или лице, додека пак секој има слобода да одбере од најмали до најголеми производи, комбинации или комплети.
Доколку сакате подароците да останат изненадување, ние во Mom & Babe ќе се погрижиме секој кој купува за Вас да знае точно што е на Вашата листа, што е веќе купено од некој друг, а што е останато на листата на желби, истовремено избегнувајќи безпотребни дуплирања на производи.
Водич за креирање на Baby Registry
Што да додадете и зошто; најчесто поставувани прашања, и како да креирате регистар со предмети кои навистина ќе ги користите
Ако креирањето на листата Ви делува како многу работа, ние сме тука да Ви помогнеме. Навистина има многу работи на кои треба да се мисли, па формулиравме некои кратки насоки околу тоа како да ја креирате Вашата листа на желби лесно, брзо и практично.
Најчесто поставувани прашања
Кога треба да ја креирам мојата листа на желби?
Не постои правилен одговор на ова прашање, бидејќи одговорот зависи од она со што Вие се чувствувате најкомотно. Некои родители почнуваат да ја креираат листата кон крајот на првото тримесечие, додека други одбираат да почекаат малку подоцна. Некои пак почнуваат да додаваат предмети уште кога ќе добијат позитивен резултат на тестот за бременост, но ја споделуваат листата подоцна, можеби околу главниот преглед на анатомијата околу 20тата недела.
Одличната работа на нашата листа на желби е што е целосно приватна, а Вие самите ќе одберете кога и со кого ќе ја споделите, испраќајќи го директниот линк до неа кога Вие ќе сакате.
Кога да ја споделам листата со пријателите?
Доколку планирате забава по овој повод (во стилот на baby shower, или пак забава за откривање на полот), тогаш листата споделете ја набрзо откако ќе ги испратите поканите за истата. Во спротивно, споделувајте ја листата кога се чувствувате најкомотно со тоа, а најдоцна кон крајот на бременоста, како би им олесниле на Вашите блиски да одберат ситен подарок за на мекици, или пак нешто убаво за првата посета на бебето – повојница.
Колку предмети треба да додадам на мојата листа на желби?
Според некои статистики на светските сервиси за регистри за бебе производи, просечниот број на производи на листите на корисниците е околу 120. Сепак, не се фиксирајте на одредена бројка. На листата додадете ги само предметите кои Вам Ви делува дека припаѓаат таму. Секогаш можете да додадете или избришете предмет од неа.
Дали е во ред да побарам ваучер?
Секако дека да. Mom & Babe ја нуди опцијата за купување на вредносен ваучер кој ќе го искористите кога ќе имате потреба, во текот на целата прва година од раѓањето на Вашето малечко.
Дали е во ред да додавам крупни ставки на мојата листа на желби?
Да! Вашите пријатели и роднини сакаат да знаат што навистина сакате и Ви е потребно, па нема ништо спорно во додавање на количка, креветче или друг покрупен предмет кој можеби има повисока цена. Уште повеќе, секогаш постои опцијата Вашите пријатели или роднини да се одлучат за групен подарок, како би собрале поголем износ за покрупен подарок на кој навистина ќе се израдувате.
Првото купување за новороденче може да биде стресно, кога се соочувате со сите тие нови информации за се она што Ви е потребно, за еден нов свет кој можеби Ви бил непознат до сега. Без грижа, во следните изданија на нашиот Mom & Babe магазин ќе ја обработиме две посебни теми – водич за креирање практична и корисна листа на желби, како и водич за првото купување за бебе.
Дотогаш, уживајте во бременоста и гушкањето со Вашите најмили!
Mom & Babe
Еве се што Ви е потребно да спакувате во торбата за во болница – и кои работи НЕ ви требаат. Вашиот …
Mom & Babe нуди уникатна можност за креирање на регистар на бебе производи - Ваша листа на желби, која можете …
Leave a comment
Comments are closed.