Сет за 2 години – 15
Сет за 2 години – 15
Маичка на кратки – Mountains 2г + Боди на кратки – Mountains 2г
Одличен сет од боди и маичка на кратки од Mountains колекциjата на Trixie Prints – најдобрите “basic” парчиња, изработени од 100% органски памук. Парчињата имаат уникатен крој за екстра ширина околу рамената и екстра должина на половината, што ги прават одлични за активните малечки во движење. Секое парче има свој мал уникатен додаток за забавен дизајн. Беспрекорен крој и високо квалитетен материјал – тоа се двете главни карактеристики на добро “basic” парче во гардероберот.
Бидејќи овие производи доаѓаат во близок контакт со кожата на Вашето малечко, целиот ранг на детска долна облека е направена од најмекиот органски памук. 🪶 Оваа високо квалитетна ткаенина осигурува дека детската долна облека нема да ја трие нежната кожа, така што Вашето малечко може да се движи и да си игра безгрижно цел ден!
Сет за 2 години – 16
Сет за 2 години – 16
Маичка на долги – Sunny Spots + Маичка на кратки Tiny Turnip 2г
Одличен сет од две маички на краток и на долг ракав од Sunny Spots и Tiny Turnip колекциите на Trixie Prints. Trixie Prints колекциите се најдобрите “basic” парчиња, изработени од 100% органски памук. Парчињата имаат уникатен крој за екстра ширина околу рамената и екстра должина на половината, што ги прават одлични за активните малечки во движење. Секое парче има свој мал уникатен додаток за забавен дизајн. Беспрекорен крој и високо квалитетен материјал – тоа се двете главни карактеристики на добро “basic” парче во гардероберот.
Сет за 2 години – 17
Сет за 2 години – 17
Ранец мал г-ѓа Глувче + Куклен свет мал – г-ѓа Глувче
Совршен сет од најпродаваните Trixie Animals ранчиња, со соодветната г-ѓа Глувче мека играчка од Trixie куклениот свет!
Забавното ранче – животинка е совршениот другар за секое малечко. Ги има сите важни карактеристики собрани во едно мало ранче! Ранчето има една главна преграда и посебен мал џеб на предниот дел. Обете имаат голем патент совршен за мали рачиња да можат лесно да управуваат со него. Полнетите прерамки кои се прилагодуваат имаат и тока на градите која спречува прерамките да паѓаат на рамената. Во внатрешниот дел, има простор за име, и посебен тесен џеб. Дополнително на ова, ранчето има водоотпорна (water-repellant) облога. Ова ранче лесно ќе ги собере сите неопходни работи за во градинка, за на прошетка, или пак омилените играчки и грицки за на пат!
Слатката кукличка г-ѓа Глувче, со своите реквизити е совршен подарок за дечињата кои сакаат да ја развиваат својата имагинација. Децата развиваат многу вредни вештини додека си играат со овие кукли. Со создавање на сопствени приказни, тие учат како да гледаат на ситуации од различни перспективи. Играњето со овие забавни пријатели им помага да го прошират својот вокабулар и да ги подобрат своите социјални вештини. Оваа забавна палета на Animals меки кукли и нивните слатки додатоци предизвикуваат интерес и креативност кај децата. Секоја мала поставка ги охрабрува да се потпираат на сопствената имагинација и да играат креативно. Заедно со овие мали фигурини, децата ги откриваат сите радости на отворената, креативна игра! Добредојдовте во најзабавниот куклен свет на Trixie!


