Опис
Долен чаршав 100% бамбус со сатенски финиш – светло сина + Оградица – в.45 – 70% органски памук + 25% бамбус – светло сина + Дрвена кружна тропалка Г-ѓа Слонче
Неверојатно нежните производи на Dilli Best Natural се изработени од исклучиво природни материјали – 100 % бамбус или комбинација на бамбус со памук. Бамбусот е материјал кој “дише” и одржува природна терморегулација. Тој природно има антибактериски својства поради анти-микробниот агент кој се наоѓа во него – наречен “bamboo kun”, кој ги намалува бактериите сокриени во материјалите а со тоа и на кожата.
Бамбусот порано се нарекувал и “вештачка свила”, а неговата неверојатна мекост е совршена за деликатната бебешка кожа. Сите материјали се загарантирано GOTS сертифицирани – најважниот интернационален стандард во изработка на облека од природни материјали од органско потекло.
Долниот чаршаф од бамбус во сет со заштитната оградица од истата колекција, комплетирани со симпатичната тропалка г-ѓа Слонче, изработена од висококвалитетно 100% FSC© сертифицирано буково дрво прават совршено комплетиран подарок за новороденче.
Дрвената кружна тропалка е совршена за малите прсти кои ќе сакаат да ja истражуваат. Има многу различни делови за откривање и испушта забавен звук кога се игра. Сите бои на овој производ се на база на вода.
Филозофијата на Dilli Best Natural подразбира и љубов кон животните и околината, а органскиот памук е одржлив и еколошки материјал.
Производ 1: https://momandbabe.mk/product/bumper-blue/
Производ 2: https://momandbabe.mk/product/bed-sheet-blue/
Производ 3: https://momandbabe.mk/product/wooden-round-rattle-elephant/
DBN2640103 + DBN54C0103 + 5136135












