Опис
Куклен свет среден – Циркус + Куклен свет мал – г-дин Манки
Добредојдовте во најзабавниот куклен свет на Trixie!
Циркусот дојде во градот! Госпоѓата Слонче е тука да ве научи на сите нејзини најголеми циркуски трикови. Направете забавно шоу и поканете ги сите ваши пријатели да дојдат и да го гледаат вашиот настап. Аплауз и стоечки овации се загарантирани! Наредете ги сите реквизити во торбичката – циркуски шатор, закопчајте со практичниот патент за мали рачиња и носете го овој свет на имагинација каде и да одите! Trixie куклениот свет со животни и нивните забавни додатоци го стимулираат интересот и креативноста кај децата. Секоја мала поставка ги охрабрува децата да ја ослободат својата имагинација и да бидат креативни. Децата развиваат многу вредни вештини додека си играат со овие кукли. Со создавање на сопствени приказни, тие учат како да гледаат на ситуации од различни перспективи. Играњето со овие забавни пријатели им помага да го прошират својот вокабулар и да ги подобрат своите социјални вештини. Заедно со овие мали фигурини, децата ги откриваат сите радости на отворената, креативна игра! Комплетирајте го својот сет или измешајте и комбинирајте ги Animals пријателчињата!
Дополнете го куклениот свет Циркус со г-дин Манки, за г-ѓа Слонче да има друштво во своите циркуски лудории 🙂 Колку повеќе Animals пријателчиња – толку е позабавно! Со комплетирање на овие сетови со разни животинки, му отворате простор на вашето малечко за уште поширока игра и нови, поголеми креативни приказни!
Производ 1: https://momandbabe.mk/product/puppet-world-medium-circus/
Производ 2: https://momandbabe.mk/product/puppet-world-small-monkey/
5192597 + 5192219

















