Опис
Маичка на долги – Sunny Spots + Куклен свет мал – г-дин Манки
Одличен сет од Sunny Spots маичка на долг ракав од колекциите на Trixie Prints, и г-дин Манки мека кукличка од Trixie Animals куклениот свет! Trixie Prints колекциите се најдобрите “basic” парчиња, изработени од 100% органски памук. Парчињата имаат уникатен крој за екстра ширина околу рамената и екстра должина на половината, што ги прават одлични за активните малечки во движење. Секое парче има свој мал уникатен додаток за забавен дизајн. Беспрекорен крој и високо квалитетен материјал – тоа се двете главни карактеристики на добро “basic” парче во гардероберот.
Слатката кукличка г-дин Манки, со своите реквизити е совршен подарок за дечињата кои сакаат да ја развиваат својата имагинација. Децата развиваат многу вредни вештини додека си играат со овие кукли. Со создавање на сопствени приказни, тие учат како да гледаат на ситуации од различни перспективи. Играњето со овие забавни пријатели им помага да го прошират својот вокабулар и да ги подобрат своите социјални вештини. Оваа забавна палета на Animals меки кукли и нивните слатки додатоци предизвикуваат интерес и креативност кај децата. Секоја мала поставка ги охрабрува да се потпираат на сопствената имагинација и да играат креативно. Заедно со овие мали фигурини, децата ги откриваат сите радости на отворената, креативна игра! Добредојдовте во најзабавниот куклен свет на Trixie!
Производ 1: https://momandbabe.mk/product/long-sleeve-sunny-spots/
Производ 2: https://momandbabe.mk/product/puppet-world-small-monkey/
5116711 + 5115703











