Опис
Со музика, нежно светло и 20 игриви активности, дебело поставена со мека подлога и уникатна крцкава играчка – подлогата е совршена за разновидни позиции на телото од новороденче, па понатаму.
Округлата двострана шушкава играчка може да се прицврсти во три различни места, добивајќи развојни бенефити од секоја од нив: лежење на грб, време на меше, и удар & игра. Проактивното позиционирање е исклучително важно за бебешките моторен и сензорен развој и учење.
Два уникатни пластични држачи ја одржуваат позицијата на двостраните картички и огледалото на подлогата. Комбинацијата го охрабрува бебето да остане на меше што подолго време. Округлата играчка која шушка и картичките кои стојат исправено го стимулираат видот и развојот на мозокот и помагаат да се научи идејата за причина и последица.
Вклучува 7 игриви, мулти сензорни висечки играчки: шушкаво округло ќебенце, тропалка Хари лавот со гумена гривна – глодалка, две двострани картички од филц со два уникатни пластични држачи, двострана желка со огледало безбедно за бебе, прстенеста тропалка – пчелка и музичка играчка со шарени светла.
Играјќи си со висечките играчки се поттикнува развојот на бебешките сетила, фината и грубата моторика и координацијата рака-око.
Играчката со музика и светло која се откачува за независно користење има три смирувачки мелодии. Таа може да се прицврсти на креетчиња и седишта за автомобил со велкро лепенка, се активира кога бебето ќе ја повлече за да го научи на причина и поселдица.
Целосна развојна поддршка во 3 фази:
- 0-3+ месеци: СТИМУЛАЦИЈА НА СЕТИЛАТА И ВЕЖБАЊЕ МОТОРНИ ВЕШТИНИ
Боите, разиграните текстури и музиката и светлото ги стимулираат бебешките сетила уште од најраните фази. Големиот избор на активности и играчки ќе го инспирираат Вашето бебе да ги вежба своите вештини, а користејќи ги црно – белите картички заедно со огледалото желка – прикачено за подлогата со уникатните штипки ќе го охрабрат бебето да помине повеќе време на меше. Прикачете ја округлата шушкава играчка на горниот дел од играчната додека бебето лежи на грб, за веѓбање координација рака-око обидувајќи се да посегне и да го допре лавот Хари и неговите пријатели од саваната.
- 2+ месеци: забава на меше
Користете ги двостраните карти од филц и огледалото желка, или пак прикачете ја шушкавата округла играчка на игралната, нудејќи му разни активности на бебето за да го задржите неговото внимание, охрабрувајќи го да остане подолго на меше, исправајќи го грбот и вежбајќи ги вратните мускули во подготовка да се преврти од една на друга страна, и подоцна, да почне да лази.
- 4+ месеци: РАЗБИРАЊЕ НА ПРИЧИНА И ПОСЛЕДИЦА
Дозволете му на Вашето бебе да ги истражува разните карактеристики на игралната и одговорот кој го добива кога си игра со нив. Со повлекување на глодалката или електричната играчка бебето ќе ги активира музиката и светлото. Со повлекување на глодалката уште еднаш, музиката се менува. Ова време за игра полно со предизвици ќе го унапреди когнитивниот развој на Вашето малечко.
Димензии: 94Xх94х49cm
Батериите не се вклучени.
Reviews
There are no reviews yet.