Опис
Ајде да го направиме возењето со автомобил малку полесно! 





Savannah Play & Kick е висококвалитетна забавна играчка за патување за бебиња, за забава, развој, и безбедност во едно. 
Овој симпатичен центар за игра ги активира сите сетила! Специјалната Kick & Play подлога при секое клоцнување со ноџе го наградува малечкото со нежно светло и звук, кои освен што го анимираат, го учат за врската меѓу причина и последица (ако клоцнам овде, ова ќе светне!), но и го мотивираат постојано да се движи, вежба и игра!


Малечките рачиња исто така ќе сакаат да посегнат за да си играат со трите забавни играчки, особено со растреперениот тукан и лавот со ѕвонче и глодалка. Со огледалцето безбедно за бебиња пак тоа може да го проучува сопствениот израз.

Reviews
There are no reviews yet.