Што да спакувате во торбата за во болница?
Еве се што Ви е потребно да спакувате во торбата за во болница – и кои работи НЕ ви требаат.
Вашиот термин за породување се наближува, па време е да ја подготвите торбата со сите неопходни работи за породувањето и деновите по тоа. Ако не сте сигурни каде да започнете, еве неколку идеи. [Предлози за екстра квалитетни торби кои ќе Ви служат долго по породувањето погледнете овде]
Кога да ја спакувате торбата?
Би требало да ја подготвите [Вашата торба] веќе во 36-тата или 37-мата недела од бременоста, чисто во случај доколку породувањето започне пред крајниот термин. Во ред е да дополните некои предмети во последен момент, како на пример четката за заби, но корисно би било да ја имате торбата главно спакувана и лесно пристапна во овој момент од бременоста.
Некои предмети се основна потреба, а некои пак само ќе направат да се чувствувате удобно, и ќе Ве потсетуваат на дома. Оваа листа нека Ви послужи за инспирација, а дополнете или одземете по Ваш избор, и не заборавајте да споделите во коментар кој предмет Ви беше најкорисен или најдраг додека престојувавте Вие во болница?
Најпрво, спакувајте торба за себе си.
- Удобна облека. Ова е задолжителна ставка за пост-породилниот период. Избегнувајте било што што е претесно или ограничувачки (освен [градник за поддршка]) и имајте на ум неколку опции во случај на царски рез. Ако планирате да доите по породувањето, спакувајте градник за доење како и влошки за гради (за [еднократна] или за [повеќекратна] употреба). Комбинирајте блуза која лесно се соблекува заедно со опуштени панталони како тренерки, лесни ленени панталони или дури можеби удобни пижами. [Хеланки] кои се носат во бременоста (како овие на Carriwell) се одличен удобен избор и за пост породилниот период. Опционално, можете да спакувате и [пост породилен појас] или [блуза за обликување] кои нудат екстра поддршка во овој деликатен период. Понесете си и лесни папучи за движење низ болничката соба и ходници, како и удобни чорапи. Стапалата може да Ви бидат благо отечени поради сите течности кои се примаат низ инфузиите, па ќе Ви биде практично доколку лесно можете да ги облечете обувките.
- Пењоар/наметка – удобна наметка е една од најдобрите пост породилни предмети кои можете да ги понесете со Вас! Корисна е и доколку имате вагинално породување, и во случај на царски рез.
- Предмети за нега и козметика. Не ги заборавајте овие! Ќе сакате да ја понесете својата четка за коса, стандарден (или пак сув) шампон, четка и паста за заби, дезадоранс, балзам за усни, повеќе ластичиња за коса и [марамчиња за тело и лице]. Доколку користите контактни леќи или пак очила, понесете ги со себе.
- Екстра долг кабел за полнење на телефонот. Болничките кревети не се секогаш блиску до приклучокот за полнење, а ќе сакате целосно наполнет телефон за фотографиите кои сигурно ќе ги правите од Вашето малечко, како и за видео повици до Вашите пријатели и роднини.
- Перници и крпа за туширање. Екстра перници на болничкиот кревет се секогаш добредојдени, додека пак крпата за туширање е задолжителен реквизит за да се чувствувате удобно.
- Крем за брадавици. Доколку планирате да доите (или измолзувате), ќе бидете благодарни за овој проактивен совет.
- [Гаќички за во болница] и други производи за пост породилна нега. Болницата можеби ќе обезбеди влошки или пак пелени за возрасни, но ние Ви препорачуваме со Вас да понесете и еден комплет на лесни мрежасти пост породилни гаќички [лукс варијанта], нежни кон раната од царскиот рез и целосната регија во случај на вагинално породување. Консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт за други производи кои можеби ќе Ви донесат нега или олеснување во целосниот деликатен предел по породување.
- Книга, преносен звучник и плејлиста, или пак таблет со снимена содржина (или опција за гледање на Интернет). Ова се можеби последни часови во скоро време кои ќе ги поминете сама лежејќи во кревет 🙂 Искористете ги да се анимирате како што Ви е Вам драго, па пополнете го времето со читање на книга, слушање музика или пак гледање на некоја омилена серија или филм.
Што да спакувате во торбата за Вашето бебе?
Откако ќе имате се што Ви е потребно за Вас, може да прејдете на основните предмети за бебето.
- [Транспортер] (седиште за автомобил). Доколку возите до дома ова е апсолутно задолжителна ставка. Некои од болниците знаат и задолжително да бараат бебето да се изнесе од болница во соодветен транспортер. Можете да одберете [само транспортер/седиште] за автомобил, или пак производ кој е [компатибилен] со количката која сте ја одбрале.
- [Облека за заминување дома]. Спакувајте два различни комплети во различна големина бидејќи не знаете колку ќе биде големо Вашето бебе! Идејата е да имате еден комплет во големина за новороденче, и еден во големина за 0-3 месеци. Не заборавајте [капче за новороденче], чорапчиња и/или [ракавички] доколку е соодветно на временските услови.
- [Шишенца], доколку планирате да користите. Доколку планирате Вашето бебе да го храните или дохранувате со шише од самиот почеток, спакувајте барем две за во болница. Ако планирате да го храните со адаптирано млеко, [спакувајте малку] од Вашиот омилен бренд.
- Не мора да понесете пелени или влажни марамчиња. Иако, доколку имате [омилен бренд] и сакате да го користите од почетокот, понесете мала количина со Вас, и замолете го персоналот да ги користите сопствените производи.
Најважно од се, понесете позитивна мисла и храбра насмевка, наскоро ќе се запознаете со Вашето малечко, новиот член на Вашата фамилија и подгответе се за уште мнооогу љубов во Вашето срце!
Mom & Babe нуди уникатна можност за креирање на регистар на бебе производи - Ваша листа на желби, која можете …
Го знаете она прашање од кое сите очајуваме? „Кажи ми ама навистина, што ви треба? Сакам да ти купам нешто …