Новороденче
Сет за новороденче – 13
Сет за новороденче – 13
Оградица в.45 – 75% органски памук + 25% бамбус – зелен чај + Постелнина (навлака за јорган + перница) – зелен чај + Тропалка кенгур – Bliss Gray
Неверојатно нежните производи на Dilli Best Natural се изработени од исклучиво природни материјали – 100 % бамбус или комбинација на бамбус со памук. Бамбусот е материјал кој “дише” и одржува природна терморегулација. Тој природно има антибактериски својства поради анти-микробниот агент кој се наоѓа во него – наречен “bamboo kun”, кој ги намалува бактериите сокриени во материјалите а со тоа и на кожата.
Бамбусот порано се нарекувал и “вештачка свила”, а неговата неверојатна мекост е совршена за деликатната бебешка кожа. Сите материјали се загарантирано GOTS сертифицирани – најважниот интернационален стандард во изработка на облека од природни материјали од органско потекло.
Прекрасниот сет постелнина – навлака за јорган и перница – со заштитната оградица од истата колекција, комплетирани со нежната кружна тропалка во форма на кенгур, изработена од висококвалитетно 100% FSC© сертифицирано буково дрво прават совршено комплетиран подарок за новороденче.
Сет за новороденче – 11
Сет за новороденче – 11
Постелнина – Gold Blossom + Оградици – Diamond White + Перница срце – слонова коска
Што велите за совршено мека постелнина од 100% органски памук, за подарок за новодоренче?
Детската Trixie постелнина Gold Blossom составена од навлака за јорган и соодветна навлака за перница за единечно детско креветче ја трансформира спалната соба на Вашето малечко за кратко време!
Целосно изработена од 100% органски памук, со GOTS сертификат, постелнината е совршено пријатна за детската мека кожа, за безгрижни ноќи од новороденче, до околу 4 годишна возраст. Дополнета со Diamond White заштитната оградица, во совршено бела нијанса на нежност и изработена од најфини материјали, како и неверојатно нежната перничка во форма на срце од Dilli Best, изработена од исклучиво природни материјали – комбинација на бамбус со памук – ќе донесат совршена чистина, спокој и нежност во Вашиот ентериер.
Сет за новороденче – 21
Сет за новороденче – 21
LIBERTY STAR ќебе од Lurex еко-крзно – минт + Перница ѕвезда Lurex еко-крзно – минт
Овој луксузен, декоративен сет со исклучително практична намена е совршен за подарок за блиските, онаму каде што сакате да оставите впечаток и да подарите нешто трајно, луксузно, со ненадминлив квалитет.
Liberty Star ќебето од Lurex еко-крзно е чист допир на луксуз во овој сет за новороденче. Неверојатно меко и нежно ќебе од меко еко-крзно во одговарачката боја на нане од Liberty Star by Picci колекцијата. Ќебенцето е идеално за студено време и есен-зима сезоната, а со димензии cm. 110 x 150 ќе се користи долго, и до училишна возраст, но и со генерации.
Декоративното ѕвездено перниче во одговарачката боја на Liberty Star со неверојатна мекост изработено во еко-крзно совршено го дополнува одговарачкото ќебенце и прави идеален подарок за новороденче, но и мало дете.
Материјали 100% памук со комплетни OEKO-TEX сертификати.
Сет за новороденче – 15
Сет за новороденче – 15
LIBERTY STAR by PICCI – комплетен сет постелнина со јорган + Перница ѕвезда Lurex еко-крзно – минт
Овој луксузен сет од 5 парчиња е совршен за подарок за блиските, онаму каде што сакате да оставите впечаток и да подарите нешто трајно, луксузно, со ненадминлив квалитет.
Комплетот постелнина од луксузната колекција Liberty Star на италијанскиот производител Picci, со вклучен јорган со јорганска навлака, долен чаршаф, и навлака за перница, комплетирана со неверојатно меко перниче од lurex еко-крзно во одговарачка боја и во форма на ѕвезда… Совршен сет, за години користење. Сетот постелнина се состои од три парчиња: Средно дебел јорган со рачно везен патерн со ѕвезди; чаршаф за душек и навлака за перница.
Декоративното ѕвездено перниче во одговарачката боја и патерн на Liberty Star со неверојатна мекост изработено во еко-крзно совршено ја дополнува прекрасната постелнина и прави идеален подарок за новороденче, но и мало дете.
Сет за новороденче – 14
Сет за новороденче – 14
LIBERTY STAR редуктор/оградица – 4 парчиња + LIBERTY STAR ќебе од Lurex еко-крзно – минт
Овој комплетен сет од 5 парчиња е совршен за подарок за блиските, онаму каде што сакате да оставите впечаток и да подарите нешто трајно, луксузно, со ненадминлив квалитет.
Комплетот редуктор во небесно сина/нане боја со препознатливите нежни Liberty ѕвездички се состои од 2 парчиња со димензии 14 × 75 cm и 2 парчиња со димензии 14 × 115 cm. Колекцијата на Liberty Star – боја небо, нане е изработена од 100% памук со највисоките OEKO-TEX сертификати.
Liberty Star ќебето од Lurex еко-крзно е финалниот допир на луксуз на овој сет за новороденче. Неверојатно меко и нежно ќебе од меко еко-крзно во одговарачката боја на нане од Liberty Star by Picci колекцијата. Ќебенцето е идеално за студено време и есен-зима сезоната, а со димензии cm. 110 x 150 ќе се користи долго, и до училишна возраст, но и со генерации.
Комплетиран со луксузниот 4 делен сет – оградици / редуктор за кревет, станува збор за крупен, високо квалитетен подарок во многу делови, со голема практична и функционална вредност.




