Сет за 4 години – 4
Сет за 4 години – 4
Маичка на долги – Moonstone 4г + Маичка на долги – Sunny Spots 4г + Дрвен автобус со животни
Одличен сет од две маички на долги од Moonstone и Sunny Spots колекцијата на Trixie Prints колекцијата, дополнета со една од најзабавните дрвени играчки од Trixie – дрвениот автобус со животни!
Маичките се најдобрите “basic” парчиња, изработени од 100% органски памук. Парчињата имаат уникатен крој за екстра ширина околу рамената и екстра должина на половината, што ги прават одлични за активните малечки во движење. Секое парче има свој мал уникатен додаток за забавен дизајн. Беспрекорен крој и високо квалитетен материјал – тоа се двете главни карактеристики на добро “basic” парче во гардероберот. Сетот е дополнет со една од најзабавните дрвени играчки од Trixie – дрвениот автобус со четири животинки! Автобусот има 4 патници кои можете да ги вметнете внатре или надвор. Дрвените животинки се одлични за часови независна игра! Автобусот и животинките се направени од 100% FSC® сертифицирано дрво. Сите користени бои се на база на вода, безбедни за деца и нетоксични.
Сет за новороденче – 4
Сет за новороденче – 4
Rylee музичко зајче + Дебел дуксер – Les Rêves d’Anaïs – Powder Stripes 62-68 + Тропалка – Rylee
Понудете му ги прекрасните, смирувачки звуци на приспивните песни на J. Брамс на Вашето бебе со оваа прекрасна висечка музичка играчка. Со класична мелодија на приспивна песна со сигурност ќе му помогне на Вашето малечко да потоне во мирно, спокојно чувство. Лесно се прицврстува на било што, како и креветче, количка или седиште за автомобил, што ја прави совршена за смирување дури и додека сте во движење.
Сетот го дополнува постевениот, мек дуксер од Les Rêves d’Anaïs, најексклузивната линија со беспрекорно префинети и софистицирани материјали и изработка. Les Rêves d’Anaïs се карактеризира со префинети бои, текстури и принтови, како и беспрекорна изработка која се чувствува на допир. Изработени од најфиниот, органски памук, оваа колекција нуди неспоредлива мекост и префинетост која одлично прилега на нежната бебешка и детска кожа.
Комплетирано со слатката тропалка – зајче со дрвен прстен кој лесно се фаќа и е одличен за вежбање на фат и стисок, во ликот на нашето пријателче Rylee од Urban Garden колекцијата. Лесна за фат прстенеста тропалка со многу опции за држење и игра.
Сет за подарок – МАМА – 2
Сет за подарок – МАМА – 2
Бамбусна блуза МАМА – сива + Чипкан градник за доење бр. 2 – црна
Подарете совршена нежност и удобност како во бременоста, така и во пост породилниот период. Нежност од која Мама тешко ќе се откаже, па овие производи гарантирано ќе се користат и години по бременоста и породувањето.
Бамбусот како материјал сам по себе има многу благородни својства – антиалергиски, антимикробен материјал кој „дише“ и дозволува висока циркулација – не поти и не чеша. Една големина со широк крој соодветен за во бремеността и пост породилниот период, но и во понатамошните години. Совршено меката блуза изработена од 100% бамбус ја спаривме во сет со чипканиот градник за доење на Carriwell, за ултра луксузно чувство во текот на целата бременост и период на доење. Подарете удобност, практичност, но и женственост и стил!
Сет за новороденче – 3
Сет за новороденче – 3
Jenny Activity Toy – активити играчка + Дебел дуксер – Les Rêves d’Anaïs – Powder Stripes 50-56 + Тропалка – Jenny
Преслатката Jenny мека активити играчка и глодалка за заби е дизајнирана да обезбеди мулти-сензорно искуство за Вашето малечко. Со различни текстури, шаблони и звуци, ги одржува активни малите рачиња додека ја откриваат забавата на забавни тропалки, шушки и многу други стимулации. Совршена за употреба дома или кога сте во движење, ова слатко зајаче сигурно ќе стане омилен придружник на Вашето малечко.
Сетот го дополнува постевениот, мек дуксер од Les Rêves d’Anaïs, најексклузивната линија со беспрекорно префинети и софистицирани материјали и изработка. Les Rêves d’Anaïs се карактеризира со префинети бои, текстури и принтови, како и беспрекорна изработка која се чувствува на допир. Изработени од најфиниот, органски памук, оваа колекција нуди неспоредлива мекост и префинетост која одлично прилега на нежната бебешка и детска кожа.
За комплетирање – слатката тропалка Jenny со веќе познато, пријателско лице – зајче со дрвен прстен кој лесно се фаќа и е одличен за вежбање на фат и стисок. Лесна за фат прстенеста тропалка со многу опции за држење и игра, совршена за подарок за новороденче.
Сет за подарок – МАМА – 6
Сет за подарок – МАМА – 6
Бамбусна Блуза МАМА – слонова коска + Ланче Babybell Deluxe Heart
Подарете совршена нежност и удобност како во бременоста, така и во пост породилниот период. И секако, прекрасен накит кој со задоволство ќе се носи не само во бремеността, но и по породувањето, носејќи длабоки, најзначајни спомени. Бамбусот како материјал сам по себе има многу благородни својства – антиалергиски, антимикробен, материјал кој „дише“ и дозволува висока циркулација – не поти и не чеша. Една големина со широк крој соодветен за во бремеността и пост породилниот период, но и во понатамошните години. Совршено меката блуза изработена од 100% бамбус ја спаривме во сет со Babybell ланчето – прекрасно парче накит со посебна порака. Според една стара мексиканска традиција, Babybell ѕвончето носи среќа, здравје и просперитет на мајката и нејзиното неродено дете. Нежниот звук на ѕвончето исто така придонесува за релаксирачка бременост.
Сет за подарок – МАМА – 4
Сет за подарок – МАМА – 4
Бамбусна блуза МАМА – сива + Deluxe градник за доење и бременост со Carri-Gel®
Подарете совршена нежност и удобност како во бременоста, така и во пост породилниот период. Нежност од која Мама тешко ќе се откаже, па овие производи гарантирано ќе се користат и години по бременоста и породувањето.
Бамбусот како материјал сам по себе има многу благородни својства – антиалергиски, антимикробен, материјал кој „дише“ и дозволува висока циркулација – не поти и не чеша. Една големина со широк крој соодветен за во бремеността и пост породилниот период, но и во понатамошните години. Совршено меката блуза изработена од 100% бамбус ја спаривме во сет со неверојатно флексибилниот Carri-Gel® градник кој ја дава посакуваната поддршка, а сепак е мек и удобен за носењe.
Мерино сет – 11
Мерино сет – 11
Капче Style Knit 100% мерино волна – розово со крзнена пуфка + Шал 100% мерино волна + розови ракавички + розови чорапки 100% мерино волна
Дебело двослојно капче од мерино волна со крзнена пуфка. Уникатен дизајн кој ќе ги штити ушињата на Вашето бебе. Комплетирано со меко шалче од 100% мерино волна, во боја која одговара на пуфката, како и ракавички и чорапки од 100% мерино волна во розова боја. Достапно во величина 0-1 години или 1-2 години, одбраната величина назначете ја во белешка при правење на нарачката.
Сет од прекрасната Aliap волнена колекција на меки и топли капчиња, шалчиња, ракавички, чорапчиња и ќебенца од 100% мерино волна!
Неколку факти за мерино волната:
🤍 Ја регулира телесната температура
🤍 Го спречува прегревањето
🤍 Хипоалергенска – нема да ја иритира деликатната кожа на бебето или детенцето
🤍 Целосно природна
🤍 Природно издржлива
🤍 Антибактериска и отпорна на мириси🤍 Мека и удобна
🤍 Материјал кој „дише“
🤍 Еко-пријателски влакна
✨ Во своето производство Aliap користи мерино волна со декларација “mulesing free” што значи дека волната е целосно прибавена БЕЗ суровост кон животните. 🐑
Сет за подарок – МАМА – 5
Сет за подарок – МАМА – 5
Градник за бременост и доење Original – црн + Deluxe чипкан градник за бременост и доење Original – Blue/Pink
Подарете удобност, практичност и стил!
Carriwell Original Maternity & Nursing градниците се меки и удобни градници кои го обликуваат Вашиот променлив облик на телото. Лесните штипки за доење кои се отвораат со една рака ја изложуваат целата дојка додека доите; максимизирање на контакт кожа на кожа помеѓу Вас и Вашето бебе. Максимално пријатни, практични, но и женствени и со исклучително квалитетна изработка, Carriwell градниците се совршени за подарок за секоја идна мајка, мајка која дои, или мајка која едноставно цени удобност, женственост и квалитет.
Мерино сет – 12
Мерино сет – 12
Капче Style Knit 100% мерино волна – розово со две крзнени пуфки + Шал 100% мерино волна + розови ракавички + розови чорапки 100% мерино волна
Дебело двослојно капче од мерино волна со две крзнени пуфки. Уникатен дизајн кој ќе ги штити ушињата на Вашето бебе. Комплетирано со меко шалче од 100% мерино волна, во боја која одговара на пуфките, како и ракавички и чорапки од 100% мерино волна во розова боја. Достапно во величина 0-1 години или 1-2 години, одбраната величина назначете ја во белешка при правење на нарачката.
Сет од прекрасната Aliap волнена колекција на меки и топли капчиња, шалчиња, ракавички, чорапчиња и ќебенца од 100% мерино волна!
Неколку факти за мерино волната:
🤍 Ја регулира телесната температура
🤍 Го спречува прегревањето
🤍 Хипоалергенска – нема да ја иритира деликатната кожа на бебето или детенцето
🤍 Целосно природна
🤍 Природно издржлива
🤍 Антибактериска и отпорна на мириси🤍 Мека и удобна
🤍 Материјал кој „дише“
🤍 Еко-пријателски влакна
✨ Во своето производство Aliap користи мерино волна со декларација “mulesing free” што значи дека волната е целосно прибавена БЕЗ суровост кон животните. 🐑
Сет за новороденче – 17
Сет за новороденче – 17
Постелнина – Ribble Sand + Глодалка – Ribble Sand
Што велите за совршено мека постелнина од 100% органски памук, за подарок за новодоренче?
Детската Trixie постелнина Ribble Rose составена од навлака за јорган и соодветна навлака за перница за единечно детско креветче ја трансформира спалната соба на Вашето малечко за кратко време!
Целосно изработена од 100% органски памук, со GOTS сертификат, постелнината е совршено пријатна за детската мека кожа, за безгрижни ноќи од новороденче, до околу 4 годишна возраст. Дополнета со Ribble Sand глодалка од истиот материјал во песочна боја, но и дрвената тропалка со топли кафени нијанси – станува совршениот подарок за новороденче, со практична функција и вредност.
Сет за 2 години – 17
Сет за 2 години – 17
Ранец мал г-ѓа Глувче + Куклен свет мал – г-ѓа Глувче
Совршен сет од најпродаваните Trixie Animals ранчиња, со соодветната г-ѓа Глувче мека играчка од Trixie куклениот свет!
Забавното ранче – животинка е совршениот другар за секое малечко. Ги има сите важни карактеристики собрани во едно мало ранче! Ранчето има една главна преграда и посебен мал џеб на предниот дел. Обете имаат голем патент совршен за мали рачиња да можат лесно да управуваат со него. Полнетите прерамки кои се прилагодуваат имаат и тока на градите која спречува прерамките да паѓаат на рамената. Во внатрешниот дел, има простор за име, и посебен тесен џеб. Дополнително на ова, ранчето има водоотпорна (water-repellant) облога. Ова ранче лесно ќе ги собере сите неопходни работи за во градинка, за на прошетка, или пак омилените играчки и грицки за на пат!
Слатката кукличка г-ѓа Глувче, со своите реквизити е совршен подарок за дечињата кои сакаат да ја развиваат својата имагинација. Децата развиваат многу вредни вештини додека си играат со овие кукли. Со создавање на сопствени приказни, тие учат како да гледаат на ситуации од различни перспективи. Играњето со овие забавни пријатели им помага да го прошират својот вокабулар и да ги подобрат своите социјални вештини. Оваа забавна палета на Animals меки кукли и нивните слатки додатоци предизвикуваат интерес и креативност кај децата. Секоја мала поставка ги охрабрува да се потпираат на сопствената имагинација и да играат креативно. Заедно со овие мали фигурини, децата ги откриваат сите радости на отворената, креативна игра! Добредојдовте во најзабавниот куклен свет на Trixie!
Ваучер за подарок – 3.000 МКД
Ваучер за подарок – 3.000 МКД
Изненадете ги Вашите најдраги со подарок – ваучер од Mom & Babe, и слобода да си го одберат она што најмногу им се допаѓа и им треба! Можете да комбинирате ваучери со различни износи за да дојдете до посакуваниот вкупен износ, со додавање на истите во кошничката. Ваучерот може да се испорача директно на адреса на корисникот.










