Опис
Со нашата „Teevee“ можете да режирате ваш сопствен филм или да креирате емисија: во главната улога би можело да има мече, меки играчки, колички, животински фигуринки или кукли. Исто така, сопствени цртежи или фотографии ќе изгледаат супер прикажани овде. Малите колекционери можат совршено да ги наредат своите фигуринки овде, како на изложба, за сите да ги видат. И секако, антената која се движи дава одличен сигнал, за супер слика 😉
Димензии:
Мерено без телескопската антена: 42 cm x 32,5 cm x 16 cm / inches: 16,5 x 12,8 x 6,3
Материјал: Брезова ивеерка 10mm/0.40 inch и еколошки, нетоксични бои на база на вода (полицата може нормално да се чисти, боите не бледеат)
Бои на овој ТВ: полицата е дрвена, предната страна на ТВ е дрвена со црни копчиња
Линк до производот на оригиналната страна на производителот: https://upwarsaw.com/product/tv-shelf-teevee-wood/
Секој има само едно детство, а тоа главно се случува во детската соба. Токму таму, низ играта, се создаваат длабоки, формативни искуства. Up! Warsaw ги претвора овие искуства во посебни сеќавања, отворајќи ја вратата кон еден свет на фантазија кој интуитивно ги поканува децата да играат отворено и креативно.
Додадете малку магија во детската соба на малиот пилот, ентузијаст за вовчиња или пак шоу ѕвезда
Секое дете заслужува свое мало царство каде може отворено да фантазира, за да изгради силна личност и да ја открие сопствената креативност низ игра. Производите на Up! Warsaw и визуелно силно привлекуваат внимание, па секоја соба ја претвораат во простор за имагинација и креативност. Благодарение на извонредната изработка, толку се трајни што може да се подаваат и користат по неколку генерации. Сите производи се рачно изработени со најголемо внимание. Се користат исклучиво нетоксични материјали, и еколошки, одржливи бои на база на вода.
Нивните производи се продаваат во најпознатите “Le Bon Marche” и “Bonton” во Париз, во големи германски интернет продавници како Fantasyroom, Tausendkind, Kinderzimmer и Kidswoodlove, а во Данска се ексклузивно застапени во најголемата детска продавница во земјата – Lirum Larum Leg. И конечно, достапни и во Mom & Babe во Македонија.
Reviews
There are no reviews yet.