Новороденче
Showing 13–15 of 15 results
Сет за новороденче – 11
Сет за новороденче – 11
Постелнина – Gold Blossom + Оградици – Diamond White + Перница срце – слонова коска
Што велите за совршено мека постелнина од 100% органски памук, за подарок за новодоренче?
Детската Trixie постелнина Gold Blossom составена од навлака за јорган и соодветна навлака за перница за единечно детско креветче ја трансформира спалната соба на Вашето малечко за кратко време!
Целосно изработена од 100% органски памук, со GOTS сертификат, постелнината е совршено пријатна за детската мека кожа, за безгрижни ноќи од новороденче, до околу 4 годишна возраст. Дополнета со Diamond White заштитната оградица, во совршено бела нијанса на нежност и изработена од најфини материјали, како и неверојатно нежната перничка во форма на срце од Dilli Best, изработена од исклучиво природни материјали – комбинација на бамбус со памук – ќе донесат совршена чистина, спокој и нежност во Вашиот ентериер.
Сет за новороденче – 15
Сет за новороденче – 15
LIBERTY STAR by PICCI – комплетен сет постелнина со јорган + Перница ѕвезда Lurex еко-крзно – минт
Овој луксузен сет од 4 парчиња е совршен за подарок за блиските, онаму каде што сакате да оставите впечаток и да подарите нешто трајно, луксузно, со ненадминлив квалитет.
Комплетот постелнина од луксузната колекција Liberty Star на италијанскиот производител Picci, со вклучен јорган со навлака, долен чаршаф, и навлака за перница, комплетирана со неверојатно меко перниче од lurex еко-крзно во одговарачка боја и во форма на ѕвезда… Совршен сет, за години користење. Сетот постелнина се состои од три парчиња: Средно дебел јорган со рачно везен патерн со ѕвезди; чаршаф за душек и навлака за перница.
Декоративното ѕвездено перниче во одговарачката боја и патерн на Liberty Star со неверојатна мекост изработено во еко-крзно совршено ја дополнува прекрасната постелнина и прави идеален подарок за новороденче, но и мало дете.
Сет за новороденче – 14
Сет за новороденче – 14
Комплет постелнина Liberty Star – 3 парчиња + LIBERTY STAR редуктор/оградица – 4 парчиња + LIBERTY STAR ќебе од Lurex еко-крзно – минт
Овој комплетен сет од 8 парчиња е совршен за подарок за блиските, онаму каде што сакате да оставите впечаток и да подарите нешто трајно, луксузно, со ненадминлив квалитет.
Комплетот постелнина од луксузната колекција Liberty Star на италијанскиот производител Picci, е сет бела постелнина со небесна сина (нане) бордура со ѕвезди. Линијата на Picci постелнини се строго произведени во Италија од 100% памук. Овој комплет небесно сина – бела постелнина со ѕвезди се состои од 3 дела: долен чаршаф, горен чаршаф и навлака за перница, со димензии: горен чаршаф 118 × 178 cm, долен чаршаф 72 × 143 cm и навлака за перница 40 × 60 cm
Комплетиран со луксузниот 4 делен сет – оградици / редуктор за кревет, станува збор за крупен, високо квалитетен подарок во многу делови, со голема практична и функционална вредност.
Комплетот редуктор во небесно сина/нане боја со препознатливите нежни Liberty ѕвездички се состои од 2 парчиња со димензии 14 × 75 cm и 2 парчиња со димензии 14 × 115 cm. Колекцијата на Liberty Star – боја небо, нане е изработена од 100% памук со највисоките OEKO-TEX сертификати.
Liberty Star ќебето од Lurex еко-крзно е финалниот допир на луксуз на овој сет за новороденче. Неверојатно меко и нежно ќебе од меко еко-крзно во одговарачката боја на нане од Liberty Star by Picci колекцијата. Ќебенцето е идеално за студено време и есен-зима сезоната, а со димензии cm. 110 x 150 ќе се користи долго, и до училишна возраст, но и со генерации.


