Опис
Вовчето “Express to fantasy” има место за сите: зебри, слончиња, играчки, кукли, игри, волшебни стапчиња и книги. Дури и жирафите ги собира во отворените вагони а мајмуните можат да се качуваат по решетките. Овој шарен воз го прави секое патување прекрасно, без разлика каде и да одите, дури и до крајот на светот. Вовчето е составено од локомотива и три вагони.
Димензиите за сите 4 вагони се 115см (вагоните се мерени со растојание од 5см помеѓу секој вагон)
Локомотива: 33 cm x 29 cm x 20 cm
Вагон бр. 1: 25 cm x 24 cm x 20 cm
Вагон бр. 2: 16 cm x 30 cm x 20 cm
Вагон бр. 3: 27,5 cm x 25 cm x 20 cm
Материјал: Брезова иверка 10мм и еколошки, нетоксични бои на база на вода (полицата може нормално да се чисти, боите не бледеат)
Бои: полиците се дрвени, предните страни на возот се: златно, светло жолто, минт зелено, тиркизно, светло розево.
Линк до производот на оригиналната страна на производителот: https://upwarsaw.com/product/train-shelf-express-to-fantasy/
***
Секој има само едно детство, а тоа главно се случува во детската соба. Токму таму, низ играта, се создаваат длабоки, формативни искуства. Up! Warsaw ги претвора овие искуства во посебни сеќавања, отворајќи ја вратата кон еден свет на фантазија кој интуитивно ги поканува децата да играат отворено и креативно.
Додадете малку магија во детската соба на малиот пилот, ентузијаст за вовчиња или пак шоу ѕвезда
Секое дете заслужува свое мало царство каде може отворено да фантазира, за да изгради силна личност и да ја открие сопствената креативност низ игра. Производите на Up! Warsaw и визуелно силно привлекуваат внимание, па секоја соба ја претвораат во простор за имагинација и креативност. Благодарение на извонредната изработка, толку се трајни што може да се подаваат и користат по неколку генерации. Сите производи се рачно изработени со најголемо внимание. Се користат исклучиво нетоксични материјали, и еколошки, одржливи бои на база на вода.
Нивните производи се продаваат во најпознатите “Le Bon Marche” и “Bonton” во Париз, во големи германски интернет продавници како Fantasyroom, Tausendkind, Kinderzimmer и Kidswoodlove, а во Данска се ексклузивно застапени во најголемата детска продавница во земјата – Lirum Larum Leg. И конечно, достапни и во Mom & Babe во Македонија.












Reviews
There are no reviews yet.